Дома Фудбал Останато Капело: Меси и Роналдо треба да научат да губат!

Капело: Меси и Роналдо треба да научат да губат!

На синоќешната гала церемонија на ФИФА учествуваше скоро целиот светски фудбалски врв, со исклучок на двете суперѕвезди – Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа предизвика лавина реакции во фудбалскиот свет, а легендарниот тренер Фабио Капело упати жестоки критики.

„Фактот што ниту еден од нив двајца не се појави на церемонијата е доказ дека тие немаат никаква почит. На доделувањето на Оскари сите номинирани доаѓаат на церемонијата, без разлика дали ќе бидат наградени или не“.

„Можеби тие двајца премногу пати ја добија оваа награда, па не им се допаѓа кога не се на врвот. Меѓутоа, човек мора да се научи да ги респектира успесите на другите. Едноставно, Меси и Роналдо треба да научат и да губат“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се е готово: Клоп ќе биде нов селектор на Германија!

Познатиот германски тренер Јирген Клоп го презема кормилото на националниот тим. Официјалн…