Дома Фудбал Италија Капело: Заниоло е како Савичевиќ, треба да игра на неговата позиција

Капело: Заниоло е како Савичевиќ, треба да игра на неговата позиција

Од денешна преспектива на никој не му е јасно зошто Интер толку лесно го пушти Николо Заниоло во Рома.

Николо Заниоло од поодамна го покажува својот раскошен талент, а последниот одличен настап овој 20 годишен фудбалер го пружи во квалификациите за ЕП во дресот на репрезентацијата на Италија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот офанзивен играч за врска со сигурност е иднината на Рома и италијанскиот фудбал, а за него во интервју за „Кориере дело Спорт“ зборуваше и легендарниот Фабио Капело.

„Заниоло сфати што значи да се биде важен играч. Неговото созревање е во процес“, изјави Капело.

Поранешниот тренер на Рома и Милан потоа го спореди Заниоло со Дејан Савичевиќ кој важи за еден од најголемите виртуози кои се појавил на зелениот терен.

„Негова идеална позиција е онаа која ја играше Савичевиќ на десната страна во нападот, баш како што беше случај во првото полувреме во натпреварот помеѓу Италија и Ерменија“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Федерико Киеза oд следната сезона во големиот ривал на Јувентус!?

Поради „заладените“ односи меѓу фудбалерот Федерико Киеза и тренерот Масимилијано Алегри и…