Дома Топ вести Канте сака во Барселона, се чека одлука на Чави

Канте сака во Барселона, се чека одлука на Чави

Нголо Канте на лето сигурно ќе го напушти Челзи, а негова најголема желба е кариерата да ја продолжи во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на Барселона веќе работи на трансферот, но се чека конечна потврда од Чави.

Каталонските медиуми тврдат дека Канте е спремен уште во јануари да потпише преддоговор и на лето како слободен агент да се пресели на „Камп Ноу“.

Барселона е во потрага по таков профол на фудбалер кој ќе го замени Бускетс, но наводно Чави се уште не е целосно убеден во ангажманот на Французинот.

Чави смета дека Канте нема да се вклопи добро во неговиот стил, а за раководството е примамлив бидејќи може да го доведе без обештетување.

Канте сака во јануари да ја реши својата иднина и ја притиска Барселона да донесе конечна одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…