Дома Трансфер зона Кансело можел да потпише за Барселона: Прашајте го Пеп зошто не го пуштија кај нас

Кансело можел да потпише за Барселона: Прашајте го Пеп зошто не го пуштија кај нас

Португалецот Жоао Кансело е еден од фудбалерите кои се поврзува со Барселона, а сега Чави откри дека Кансело можел да се пресели во Барселона уште во јануари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По конфликтот со Пеп Гвардиола, Кансело изненадувачки во јануари си замина од Сити и како позајмен фудбалер се пресели во Баерн Минхен. Во Минхен нема да го откупат неговиот договор, па во текот на летото ќе бара нова дестинација.

Стратегот на Барселона откри дека Каталонците се обидувале да го доведат во јануари, но Гвардиола и раководството на клубот одбиле да го пуштат во Барселона.

„Сакавме да го доведеме Кансело во јануари, прво ни го пондуија, а на крај одлучија дека не сакаат да дојде кај нас. Не кажаа никаква причина, само ни соопштија дека работата не може да биде завршена. За повеќе детали ќе мората да го прашате Пеп или раководството на Сити“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…