Играчите кои влегуваат од клупата за резерви секогаш сакаат да ја искористат секоја прилика за да се докажат на теренот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Но, она што го направи играчот на Орланди Пиратес, Табо Калинга не се гледа секој ден.
Неговата екипа го играше последниот натпревар од првенството против тимот на Полокване и славеше со 3:0, така сезоната тие ја завршија на втората позиција.
Клаинга доби шанса од клупата за резерви кога неговиот тим имаше сигурна предност, а во продолжението одлучи да направи свое шоу.
Топката беше во негов посед и некој од противничките играчи не се наоѓаше во негова близина, тогаш Калинга без причина започна да ја прескокнува топката додека таа се движеше.
Во продолжение погледнете како изгледаше сето тоа.
When you come on in the 89th minute and a scout’s watching pic.twitter.com/MwvkJst40n
— Andy Ha (@AndyHa_) May 14, 2019