Дома Фудбал Италија Како Нандез го одбил Јувентус: Ако ме сакате купете ме, не сакам позајмица!

Како Нандез го одбил Јувентус: Ако ме сакате купете ме, не сакам позајмица!

Уругваецот Нандез беше блиску до трансфер во Јувентус во јануари, но сепак тој трансфер не се реализираше.

За останувањето на Нандез во Каљари зборуваше првиот човек на овој клуб, Капокуза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нандез е еден од нашите најдобри фудбалери, тој амбициозен и сака да игра во европските натпревари, иако тоа не ми го кажал отворено јас го нзам. Каљари не беше проблемот што не се пресели во Јувентус. Понудата од Јувентус самиот ја одби затоа што стануваше збор за позајмица со право на откуп“.

„Дојде кај мене во канцеларија и ми кажа: Ако сакаат навистина да ме купат ќе одам, вака не. Прифаќаше позајмица со обврска да биде откупен, не само оппција. Тој верува во себе дека може да игра во топ клуб, меѓутоа не сака да си замине по секоја цена, среќен е во Каљари“.

Медиумите го поврзуваа и со Наполи и Рома, но со овие два клуба немало ништо сериозно.

„Рома никогаш не испратила понуда за него, а Наполи не може да си го дозволи“, изјави првиот човек на Каљари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…