Дома Македонски спорт Како Монца победила во трката за Лука Станковски – клучен човек бил Звонимир Бобан!

Како Монца победила во трката за Лука Станковски – клучен човек бил Звонимир Бобан!

Вчера попладне силно одекна веста дека Монца го обзбедила потписот на супер талентот на Работнички Лука Станковски.

За Станковски постоеше интерес од многу клубови како: Наполи, Фенербахче, Динамо Загреб, Звезда…Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио сега пишува како Монца успеала да го „грабне“ Станковски пред другите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клучна улога одиграл Звонимир Бобан кој до минатата година беше директор во Милано. Имено, тој го убедил Галијани да го доведе Станковски. Бобан на Галијани му испраќал и снимки за да го запознае за каков фудбалер станува збор.

Горан Станковски (таткото на Лука) разговарал со Бобан, а потоа и му испратил снимки. Бобан брзо сфатил дека станува збор за фантастичен фудбалер. Така започнала работата. Потоа Бобан го контактирал Галијани и му се обратил со зборовите: Шефе, ова морате да го видите! И не требало многу, Лука му се допаднал и на тренерот Кристијан Броки“, пишува Ди Марцио.

Се додава и дека единствена мана на Станковски била дисциплината.

Како заклучок Ди Марцио потенцира: „Целта на Монца е од Лука да направи нов Милинковиќ-Савиќ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…