Дома Фудбал Останато Како Клатенбург ги изгубил нервите поради Мурињо: Фрлив со копачка кон него, остана зачуден

Како Клатенбург ги изгубил нервите поради Мурињо: Фрлив со копачка кон него, остана зачуден

Марк Клатенбург своевремено важеше за еден од најдобрите судии во Европа, тој објави своја автобиографија, а во еден дел зборува за ситуација која ја имал со Жозе Мурињо.

Инцидентот се случил во јануари 2017 година кога Манчестер Јунајтед одиграл 1:1 против Стоук. По крајот на натпреварот, Мурињо влегол во соблекувалната на Клатенбург и се жалел за недосуден пенал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тогаш Клатенбург многу се изнервирал, па дури и фрлил со копачка кон Португалецот.

„Влезе во соблекувалната и не престануваше да зборува. Му реков: Замолчи човеку! Не престана, ја земав копачката и фрлил во ѕидот до него: Излегувај веднаш од мојата соба! Му се развиквав. Можев да забележам дека остана зачуден затоа што навистина ги изгубив нервите. Не знаеше што да ми каже по тој момент“.

И денес тврди дека одлуката му била исправна и се било само психолошка игра од Мурињо.

„На снимките убаво може да се види дека нема пенал, одлуката 100% беше исправна. Кога си легнав таа вечер си помислив – доста ми е, не можам повеќе да се замарам со вакви идиоти“, раскажува Клатенбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Веста на денот во Шпанија: Се враќа Тибо Куртоа!

Веста на денот во шпанскиот фудбал е враќањето на белгискиот голман Тибо Куртоа. „Да, тој …