Тимот на Бенфика вчера претрпе пораз во натпреварот на домашен терен против Салцбург на стартот од групната фаза од Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пресуден момент веројатно беше црвениот картон на младиот Антонио Силва кој направи неверојатна глупост. Во време на стотици камери и ВАР техонологијата, Силва спречи гол играјќ инамерно со рака на гол-линијата.
Секако, судијата го забележа тој момент и му го покажа патот кон соблекувалната, па Бенфика го одигра натпреварот со играч помалку.