Германскиот прволигаш Борусија од Дортмунд го продолжи договорот со јапонскиот играч за врска Кагава до летото 2020 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Јапонецот во Борусија стигна пред седум години од Церезо Осака, а во 2012 година се пресели во Манчестер Јунајтед, од каде во 2014 се врати во Дортмунд.
„Навивачите на Борусија се неверојатни, навистина ми се исклучително драги. Многу сум среќен што ќе останам во овој одличен клуб“, изјави Кагава.
Кагава минатата сезона одигра вкупно 30 натпревари на кои постигна 6 гола и запиша 8 асистенции.