Дома Трансфер зона Италијанците веќе најавуваат кој би можел да го наследи Конте

Италијанците веќе најавуваат кој би можел да го наследи Конте

Тренерот Антонио Конте најверојатно ќе го напушти Интер, откако синоќа загуби во финалето во Лига Европа од Севилја со 2-3.

Конте во изјавата по натпреварот на еден начин „најави“ дека ќе го напушти кормилото на „нераѕурите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имаме различни погледи, морам да размислам, фудбал или семејство. Сега ќе ги одмориме главите, за неколку дена ќе разговарам со клубот. Одлуката останува на претседателот, не сакам повторно ваква сезона“, кажа Конте.

Конте наводно е незадоволен затоа што нема улога при реализирање на трансферите, пе поради тоа планира да замине, а се шпекулира дека негова замена ќе биде Масимилјано Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…