Дома Трансфер зона Италијанските клубови ја сакаат „промашената инвестиција“ на Барселона

Италијанските клубови ја сакаат „промашената инвестиција“ на Барселона

Доведувањето на Андре Гомеш за Барселона се покажа како пропадната инвестиција.

Португаслкиот фудбалер на „Камп Ноу“ пристигна летото 2016. година од Валенсија, се очекуваше дека ќе биде засилување, но во меѓувреме стана едно од најголемите разочарувања кога станува збор за трансферите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради тоа, Барселона минатото лето го испрати на позајмица во Премиер лигата, односно во Евертон, а по завршувањегто на сезоната планира и да целосно да го продаде.

Во Барселона се свесни дека кариерата на Гомеш е во пад и дека ќе мораат да се соочат со влегување во минус, а последните информации кои доаѓаат од Шпанија, велат дека Каталонците се задоволни и со 20 милиони евра, што е двојно помалку во однос на сумата за која го доведоа.

Тој износ се спремни да го платат неколку клубови, вклучувајќи и Евертон во кој Гомеш денеска е редовен член, а интерес покажаа и италијанските клубови Интер, Лацио и Рома.

Пред да пристигне во Барселона, 25-годишниот Гомеш играше за Валенсија, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација, но воопшто не се снајде на „Камп Ноу“.

Оваа сезона ја „оживеа“ својата кариера во Евертон, па сега има неколку опции на маса за продолжување на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познато првото летно засилување за Јувентус

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега во трката за неговиот п…