Дома Топ вести Италијанскиот „бисер“ се договори со Интер – ова се деталите!

Италијанскиот „бисер“ се договори со Интер – ова се деталите!

Раководството на Интер е во напреднати преговори со италијанскиот талент Сандро Тонали, пренесува „Газета дело Спорт“.

Сандро Тонали важи за еден од најталентираните италијански фудбалери. Манчини му даде шанса и во сениорската репрезентација на Италија. Иако има само 19 години јасно е дека пред него е блескава иднина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скоро сите поголеми клубови од Апенините покажаа интерес да го доведат во своите редови, меѓутоа Тонали веќе ја избрал следната дестинација.

Новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Скира пренесува дека Тонали веќе има договор со Интер, каде ќе потпише 5-годишен договор и ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.

Сега останува уште двата клуба да ја договорат отштетата, а Бреша за неговата слобода бара 50 милиони евра, меѓутоа во договорот можат да бидат вклучени и фудбалери од младинскиот тим на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…