Дома Фудбал Германија Историски момент: За првпат направени четири замени во исто време на официјален натпревар (ФОТО)

Историски момент: За првпат направени четири замени во исто време на официјален натпревар (ФОТО)

Во втората германска лига помеѓу Дармштат и Сент Паули во 27 коло денес видовме еден историски момент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За првпат се случи на еден официјален фудбалски натпревар еден тренер да направи четири измени во исто време.

На стартот на второто полувреме стратегот на Ст.Паули Јос Лухукај се реши да промени дури четворица играчи во исто време. Вакво нешто претходно гледавме само на пријателските натпревари.

Ќе потсетиме ова е можно затоа што Интернационалната фудбалска асоцијација дозволи докрајот на оваа сезона секој тим да може да прави по пет измени поради згуснатиот распоред и големата пауза која ја имаа фудбалерите.

На оваа средба Дармштат победи со 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Meси вечерва може да го урне големиот рекорд на Клосе!

По победите во првите дуели, фудбалските репрезентации на Аргентина и Австрија ќе се сооча…