Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите на Македонија на Европското првенство, еве како тој го виде натпреварот.

Ѓуровски како што ни раскажа очекувал еден егал натпревар и очекува подобра Македонија во следните натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Прво да испратам голем поздрав. Навистина беше историски момент да се гледа денес Македонија на големо натпреварување. Кога во прашање е натпреварот, не сум љубител на формацијата со пет играчи во одбраната затоа што тоа е определување да се браниш од почетокот на натпреварот и да чекаш контра. Но, таа формација ја донесе модерниот фудбал и многу најдобри светски екипи, па и нешто послабите го форсираат тој систем 5-3-2, 3-5-2 или 3-4-3“.

„Пред натпреварот очекував егал натпревар затоа што сметав дека Австрија не е толку подобра репрезентација од Македонија. Им дадовме многу респект, што е и нормално, ова е големо натпреварување и влогот е навистина голем. Иако момците изгубија со 3:1 треба да им се симне капа и да им се даде најголемата можна поддршка за сите играчи и стручниот штаб. Покажаа дека можат, во второто полувреме очекував дека натпреварот ќе заврши 1:1, но ете…За наша несреќа го примивме тој втор гол и после беше многу тешко да се постигне гол за 2:2. Третиот не сакам да го коментирам затоа што беше крај на натпреварот и со сите сили се обидувавме да дојдеме до позитивен резултат.

„Се на се мораме да бидеме задоволни, ќе повторам мораме да ги поддржиме сите што се во репрезентацијата и играчите и струшниот штаб. Верувам дека ќе извлечеме поука од овој натпревар и дека ќе изгледаме подобро во следните натпревари“:

„Мило ми е поради Пандев кој како и секогаш беше на вистинско место и стана вториот најстар играч кој постигнал во историјата на едно Европско првенство. Тој е една голема легенда и срцето ми е полно кога ќе видам дека таков човек и таков играч успеа да игра со својата репрезентација на едно големо натпреварување. За крај, главата горе, ќе биде подобро, денес можеби ја изгубивме битката во средината, но што е тука е, се надеваме на подобри резултати во следните натпревари“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…