Дома Македонски спорт Мак ракомет Историска победа на Еурофарм во ЛШ!

Историска победа на Еурофарм во ЛШ!

Екипата на Еурофарм Работник славеше со резултат 31:30 против Кокс од Финска и ја запиша првата победа во Лигата на шампиони, во четвртото коло.

Еурофарм беше голем фаворит во овој меч и така го почна натпреварот, се одлепи уште на стартот, беше 7-3, таквата предност ја одржа до крајот на првото полувреме кое го доби со 17:13.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во второто полувреме падна играта на „фармацевтите“, па на дваесет минути пред крајот резултатот беше 20:20. На крајот Никола Митревски со две одлични одбрани беше херојот во завршницата за победа на Еурофарм Работник од 31:30.

Најдобар стрелец кај домашните беше Остроушко со осум голови, пет беа дело на Ојлески, а четири запиша Граџан

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РФМ ја одреди цената на билетите за натпреварот со Фарски Острови

Ракометната федерација на Македонија денес започна со продажба за билетите за натпреварот …