Ливерпул денес во Лондон со огромни 7:0 го победи Кристал Палас и сруш рекорд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Освен што Кристал Палас го доживеа најтешкиот пораз во историјата, Ливерпул успеа да ја оствари најголемата гостинска победа во историјата на англиската Премиер лига.
Ова беше 2090 победа за Ливерпул на гости и претходно никогаш не победиле некого со овој резултат.
Исто така, интересно е што „црвените“ станаа првиот тим во Премиер лигата кој во една сезона примил и постигнал седум гола. Ќе потсетиме Ливерпул претходно сезонава изгуби 7:2 од Астон Вила.
Во овој момент Ливерпул е лидер во Премиер лигата со 31 освоен бод, Тотенхем е второпласиран со 25 и натпревар помалку.