Дома Фудбал Испадна ли Леганес поради ВАР? Против Реал не добија чист пенал за победа кој ќе ги спасеше (ВИДЕО)

Испадна ли Леганес поради ВАР? Против Реал не добија чист пенал за победа кој ќе ги спасеше (ВИДЕО)

Вчера заврши сезоната во Ла Лига.

Во последното коло возбудлива беше борбата за опстанок. Селта одигра без голови против Еспањол, па Леганес доби прилика со евентуална победа против Реал Мадрид да остане во најсилната конкуренција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал во претходното коло ја обезбеди титулата, но во овој натпревар одигра фер и Леганес не успеа да победи. Средбата заврши со реми 2:2.

Меѓутоа она за што се зборува по овој натпревар е една ситуација од самиот финиш при резултат 2:2. Јовиќ играше со рака во својот шеснаесетник, ВАР подолго време ја прегледуваше ситуацијата, меѓутоа на крајот пенал не беше досуден.

Најголем дел од шпанските медиуми сметаат дека Леганес е оштетен што не добил пенал кој за нив можеше да значи опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заедно со Клоп, Ливерпул го напуштаат уште осум играчи?

Јирген Клоп ќе го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот во кој…