Исландскиот медиум Висис.ир  (види)  објави  информација  која подоцна се појави и на другите медиуми во таа земја дека досегашниот голман на ИБВ Вестманејар, Арон Рафн Едвардсон, покрај понудите од Австрија и Германија, има понуда од Вардар. Тие велат дека можен е договор и   наскоро би можело да биде потврдено неговото доаѓање во Скопје.

Станува збор за  искусен 28-годишен голман, кој има солидна интернационална кариера во шведскиот Гуиф, данскиот Алборг, германскиот Битигхајм, а на Исланд  покрај  ИБВ има настапувано и за екипата на  Хаукар Хафнарфјордур. Покрај тоа Едвардсон е репрезентативец на својата земја, моментално е на репрезентативен собир со селекцијата и се подготвува за двомечот во бражот за Светското првенство против селекцијата на Литванија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Вардар моментално има тројца голмани во ростерот, двајцата кои остануваат од оваа сезона: Страхиња Милиќ и Даниел Ѓорѓески и веќе потврдениот Дејан Милосављев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Дарко Чурлинов се врати во Англија

По епизодата во Шалке, македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов се врати во редовите на Барнли…