Шпанскиот плејмејкер Иско не е во добри односи со тренерот Солари и не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид, па најверојатно ќе ја промени средината.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иско сака да се пресели во клуб каде повторно ќе биде важен играч, па иако го поврзуваа со трансфер во Челзи и Манчестер Сити, шпанските медиуми откриваат дека негова следна дестинација ќе биде Јувентус.
Флорентино Перез се согласил да го продаде Иско и за неговата слобода бара 75 милиони евра, но прашање е дали „бјанконерите“ ќе моражат да ја искешираат таа сума.
Шпанските медиуми не ја исклучуваат можноста во трансфер операцијата да биде вклучен и Пауло Дибала.
Едно е јасно, деновите на Иско во Мадрид му се изброени…