Дома Трансфер зона Иско го избрал наредниот клуб?

Иско го избрал наредниот клуб?

Иско на крајот од сезоната ќе го напушти Реал Мадрид, убедени се дел од шпанските медиуми.

Изгледа дкеа во Мадрид немаат намера повќе да го чекаат Шпанецот да ја врати старата форма. Според информациите од Шпанија 28 годишниот Иско сака да се пресели во Севиља.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Севиља долго време во врвот на шпанскиот фудбал и редовен учесник во европските натпреварувања. Од оваа сезона таму играат и играчи како Папу Гомез и Иван Ракитиќ.

Инаку, формата на Иско оваа сезона е очајна. До сега нема ниту гол, ниту асистенција.

Треба да се спомене и дека легендарниот Предраг Мијатовиќ најави трансфер на Иско во Севиља.

„Лопетеги е мој добар пријател и знам колку многу го цени Иско. Сепак треба да се почека да се види колку пари ќе бара Реал и колку клубот ќе треба да издвои за неговата плата. Ако Иско и понатаму е на клупа значи дека не го убедил Зидан дека заслужува место во тимот. Во таква ситуација мислам дека е добро за Иско да побара нова средина“, гласеше неговата изјава дадена за шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…