Дома Трансфер зона Иско во Серија А: Два гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис

Иско во Серија А: Два гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис

Шпанскиот репрезентативец Иско се наоѓа во немилост на тренерот Солари, па се погласи се шпекулациите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“.

Иско падна во втор план, па европските гиганти застанаа во ред за неговиот потпис. Последните информации од Апенините говорат дека Шпанецот би можел да се пресели во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус веќе подолго време покажува сериозен интерес за Иско, а сега во битката за неговиот потпис се приклучи и најголемиот ривал на „старата дама“, Интер.

Имено, новиот спортски директор на „нероаѕурите“, Бепе Марота сака да донесе неколку големи ѕвезди во тимот, а Иско е прв на неговиот список.

Сепак, на Интер ќе му биде тешко да го убеди Иско да се пресели на „Џузепе Меаца“ покрај понудите на Сити и Јувентус, тимови кои се борат за освојување на Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…