Дома Фудбал Иранците ја пееја химната, а на трибините трогателни сцени🎥

Иранците ја пееја химната, а на трибините трогателни сцени🎥

Репрезентативците на Иран запишаа голема победа против Велс, а во центарот на вниманието беа сцените пред почетокот на мечот.

Познато е дека фудбалерите на Иран на првиот меч против Англија одбија да ја пеат химата на својата држава, како протест против режимот во таа земја.

Тоа крена голема прашина, а очигледно дека се смириле страстите, па фудбалерите гласно ја пееја химната пред денешниот меч, но на трибините беа видени трогателни сцени.

Имено, навивачите ја исвиркаа химната на својата земја и тоа го правеа со солзи во очите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тоне во повреди, Торино го прескокна: Торино има нова причина за славење

Нико и Челик се надвор од комбинација до паузата, а Сар е неизвесен за Лече. Во меѓувреме,…