Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино истакна дека посакува да ја има видео технологијата на СП следното лето во Русија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На вечерашната церемонија на ФИФА за најдобар играч на светот, Инфантино истакна дека многумина имаат позитивен коментар за видео технологијата, но дека секогаш ќе има и такви кои ќе се противат. Инфантино потврди дека ќе даде се од себе ВАР да биде следното лето дел од СП.
„Потребна ни е видео технологијата. На секој шампион тоа му треба и потврда ни доаѓа од Португалија и Италија. Дефинитивната одлука за ВАР ќе ја донесеме во март следната година, но не моќеме да дозволиме СП да биде одлучено со судска грешка. Мораме да им помогнеме на судиите и за тоа ни помага видео технологијата“, истакна Инфантино и додаде:
„Ќе се потрудам со сите средаства да се оствари ова. Со ова ќе се завршат многу проблеми како за судиите така и за целиот фудбал“.