Дома Фудбал Репрезентации Инфантино до Роналдо: Ти си меѓународна икона!

Инфантино до Роналдо: Ти си меѓународна икона!

Кристиано Роналдо вчера постигна два гола за Португалија во 89. и 96. минута и така обезбеди пресврт против Република Ирска (2:1) во квалификациите за СП 2022.

Со овие два гола Роналдо го сруши рекордот на Иранецот, Али Даеи и стана играчот со најмногу голови за една репрезентација (111). На ваквото достигнување му честиташе и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

„Таквото достигнување е награда за неговата блескава кариера. Во процесот на соборување на тој рекорд ти не стана само национален херој, туку и меѓународна икона и идиол на огромен број млади фудбалери ширум светот. Твоите квалитети и желба за константен напредок се за секоја почит и восхит“, истакна Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…