Фудбалерите на Барселона истрчале најмало растојание од сите 32 тима во третото коло во Лигата на шампиони, покажа статистиката.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова го откри официјалната статистика на УЕФА. Каталонците остварија победа на гостувањето кај Славија Прага (1:2), но им дозволија на домаќините да направат многу шанси во нивниот шеснаесетник и беа критикувани за играта.
Тимот на Барселона на крајот го завршил мечот со истрчани вкупно 100,4 километри.
Лидер во истрчани километри во ова коло е Баер Леверкузен со 121,1 километар, па следуваат Лајпциг (117.5) и Атлетико Мадрид (117,2).
Покрај Барса најмалку истрчале уште фудбалерите на Бриж (102,6) и Наполи со истрчани 103,5 километри.