Дома Топ вести Интер спрема двоен удар – ги сака Модриќ и Крос во „пакет“

Интер спрема двоен удар – ги сака Модриќ и Крос во „пакет“

Италијанскиот гигант Интер има големи планови за следната сезона и сака во своите редови да ги донесе ѕвездите на Реал Мадрид, Лука Модриќ и Тони Крос, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Минатото лето Модриќ беше силно поврзуван со трансфер на „Џузепе Меаца“, но на крајот Храватот сепак остана во Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересот на Интер кон Модриќ не стивнува, особено откако плејмејкерот одби да потпише нов договор со „кралевите“. Италијанските медиуми се сигурни дека овој трансфер ќе се реализира следното лето.

Во исто време „нероаѕурите“ покажуваат сериозен интерес и кон Тони Крос. Германецот наводно е спремен да ја промени средината и да побара нова авантура, а Интер сака да ја искористи таа ситуација.

Во исто време капитенот Мауро Икарди се уште не потпишал нов договор, па не е исклучено тој да биде дел од големиот договор помеѓу двата клуба и да заврши на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…