Интер е силно заинтересиран за дефанзивецот на Наполи и српски репрезентативец, Никола Максимовиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Максимовиќ со Наполи истекува на крајот на сезоната, па готово сигурно ќе си замине како слободен агент.
Интер сака да ја искористи таквата ситуација и веќе стапиле во контакт со неговиот агент Фали Рамадани.
Максимовиќ пристигна во Наполи во 2016 година, а Конте верува дека идеално ќе се вклопи во неговата формација.
Интер е спремен да се раздели со Ранокија и Коларов на лето, па Максимовиќ би бил идеална алтернатива за Скриниар.