Дома Топ вести Интер прави дрим-тим: Видал на пат за Милано

Интер прави дрим-тим: Видал на пат за Милано

Раководството на Интер ова лето донесе неколку одлучни засилувања, но италијанските медиуми пренесуваат дека допрва треба да пристигне најголемата „бомба“.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „нероаѕурите“ се цврсто решени да го доенсат во своите редови Артуро Видал од Баерн Минхен.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Раководството веќе ја започнало оваа трансфер операција, па е спремно да ги продаде Гаглиардини и Весино за д го финансира трансферот на Чилеанецот.

Видал има уште една година договор со Баварците, но е решен да ја промени средината, а Баерн нема да му стои на патот и за неговата слобода бара 30 милионие евра.

Таа сума нема да претставува проблем за „нероаѕурите“, но ќе мора да го убедат Видал да прифати помала плата бидејќи моментално заработува 8 милиони евра по сезона.

Видал има желба да се врати во Италија, а миланскиот клуб му нуди 4-годишен договор тежок 5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал продава три ѕвезди

Арсенал и оваа сезона не успеа да стигне до шампионската титула, па на лето ќе прави мала …