Дома Трансфер зона Интер очекува многу – Лаутаро Мартинез ќе има огромна откупна клазула!

Интер очекува многу – Лаутаро Мартинез ќе има огромна откупна клазула!

martinez

Повеќе нема никакви дилеми Лаутаро Мартинез пристигнува во Интер, а сега се откриени и дел од деталите од неговиот договор.

Самиот играч пред неколку дена потврди дека потпишува со Интер и дека остануваат да бидат завршени само формалностите. Мартинез беше мета и на Борусија Дортмунд, но Интер сепак успеа да ја победи конкуренцијата.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Покрај Мартинез, денес во медиумите за неговиот трансфер зборуваше и агентот на напаѓачот.

„Тимот на Интер ќе се базира на него, се ќе се гради околу него. Неговата откупна клазула ќе изнесува 111 милиони евра“, изјави Бето Јака, менаџерот на Мартинез.

Менаџерот истакна дека бил запознаен со интересот од Дортмунд, дури и се сретнал со претставниците на овој клуб пред еден месец.

„Не беа во прашање парите. Лаутаро сакаше само во Интер поради спортски причини. На него гледаат како важно засилување и неговата желба ќе биде исполнета, веќе потпиша преддоговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фонсека во Милан ја носи ѕвездата на Лил

Еден од приоритетите на Милан во летиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, прене…