Дома Трансфер зона Интер останува и без Де Врај на лето

Интер останува и без Де Врај на лето

Интер на лето ќе треба да прави комплетна реконструкција на одбраната, бидејќи ќе остане без двајца многу важни фудбалери.

Веќе е јасно дека „нероаѕурите“ ќе останат без Милан Скриниар, кој одби да го продолжи договорот и без обештетување ќе го напушти клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во иста ситуација е и Стефан де Врај, а Интер одлучил да не му понуди нов договор и со него да се раздели на крајот на сезоната.

Атлетико Мадрид ја следи ситуацијата и наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент и сака да го доведе на лето како слободен агент.

Симеоне е во потрага по искусен стопер и верува дека Холанѓанецот ќе биде идеално засилување за тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Mилан пронајде напаѓач и спремен е да го сруши клупскиот рекорд?

Како што стојат работите, екипата на Милан го пронајде напаѓачот кој би сакале да го довед…