Дома Трансфер зона Интер не се откажува од Де Вриј

Интер не се откажува од Де Вриј

Раководството на Интер не се откажува од намерата да го донесе на „Џузепе Меаца“ дефанзивецот на Лацио Стефан де Вриј, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Холанѓанецот е во напредни преговори со Лацио за продолжување на својот договор, но тоа нема да ги натера „нероаѕурите“ да се откажат од него и внимателно ја следат ситуацијата.

Договорот на Де Вриј со Лацио истекува на крајот на сезоната, па поради тоа дефанзивецот е интересен за многу клубови ширум Европа.

Последните информации од Апенините се дека играчот постигнал договор со Лацио, но во истиот ќе има откупна клаузула од 25 милиони евра.
Меѓутоа „нероаѕурите“ се спремни да ја платат таа сума и сакат што е можно побрзо да се договорат со неговиот агент за да ја победат конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…