Дома Трансфер зона Интер најави напад на Скудето: Јуве веднаш испрати понуда за Икарди!

Интер најави напад на Скудето: Јуве веднаш испрати понуда за Икарди!

Фудбалерите на Интер синоќа супериорно ја отворија сезоната со победа од 4:0 над Лече и најавија борба за Скудетото оваа сезона.

Интер до крајот на преодниот рок сада ги комплетира трансферите на Алексис Санчез и Кристиан Бираги, па додатно ќе ги засили својот тим.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во меѓувреме на адреса на Интер пристигна понуда од најголемиот ривал Јувентус за Мауро Икарди. Торинскиот клуб за потписот на Аргентинецот го нуди Манџукиќ и пари.

Меѓутоа, „нероаѕурите“ експресно ја одбија таквата понуда и во замена го сакаат Пауло Дибала.

Ситуацијата со Икарди е комплицирана и доколку не се реши до 2-ри септември најверојатно ќе остане на „Џузепе Меаца“, но нема да биде дел од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…