Човекот на кого му истекува договорот на крајот од сезоната веројатно заминува од Јувентус, дали Интер е неговата наредна станица?
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На крајот од сезоната Квадво Асамоа ќе биде слободен агент, истекува неговиот договор со Јувентус. Асамоа веќе доби неколку понуди, а според информациите на италијанските медиуми, една од нив е од Интер.
Асамоа во Јувентус е од 2012 година, но во овој момент нема никакви најави дека може да дојде до продолжување на соработката.
Овој фудбалер се поврзуваше со Галатасарај, но според последните информации сега и Интер се вклучил во трката.
Деталите за евентуалната понуда од „нероаѕурите“ во овој момент не се познати.