Фудбалерите на Интер направија чекор поблиску до освојување на 20. титула на италијанскиот шампион откако одиграа 2:2 против Каљари во натпреварот од 32. коло на Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На шест кола пред крајот на шампионатот, Интер има неверојатни 14 бода повеќе од Милан и може да го освои Скудетото во следната рунда во големото градско дерби.
Интер водеше со 1:0 и 2:1, но Каљари двата пати израмнуваше, а потоа пропушти голема шанса за сите три бода во судиското надополнување.
Домашните поведоа во 12. минута со голот на Маркус Турам, израмни Шомуродов во 64. минута, а Хакан Чалханоглу со гол од пенал во 74. минута му донесе нова предност на Интер.
Девет минути подоцна израмни Николас Виола, а потоа во судиското надополнување промаши голема шанса за победа.