Дома Трансфер зона Интер има „план Б“ ако пропадне трансферот на Модриќ

Интер има „план Б“ ако пропадне трансферот на Модриќ

Интер има резервен план за засилување на средниот ред, доколку пропаднат преговорите за трансфер на Лука Модриќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Планот Б“ на „нероаѕурите“ е играчот за врска на Манчестер Сити и германски репрезентативец, Илкај Гундоган.

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети настокува да биде донесен квалитетн играч за врска. Прв избор е секако Лука Модриќ, но трансферот е тежок за реализација, па поради тоа „нероаѕурите“ разгледуваат резервни опции.

Меѓутоа, трансферот на Гундоган е исто така „тешка мисија“ со оглед на фактот што Гвардиола бара засилување на таа позиција и не сака да помисли да се откаже од Германецот.

Како трета опција се споменува аргентинскиот интернационалец, Леандро Паредес од Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…