Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер започнал преговори со десниот бек на Барселона, Емерсон Ројал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона минатото лето го купи Емерсон од Атлетико Минеиро за 12 милиони евра и го испрати на позајмица во Бетис.
21-годишниот Бразилец со своите настапи во Примера го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсериозен интерес покажува Интер.
Барселона пред неколку дена доплати 9 милиони евра на Бетис за останатите 50% од правата на играчот и го претстави Емерсон како ново засилување.
Интер бара замена за Хакими кој сигурно ќе биде продаден и прва желба е токму Емерсон Ројал, а неговите агенти денес беа на преговори во Милано.
Барселона е спремна да го продаде бидејќи има потреба од финансиски средства, но за неговата слобода бара 30 милиони евра.
#Inter, incontro con l’agente di #EmersonRoyalhttps://t.co/3dStzlyWzq
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 10, 2021