Дома Трансфер зона Интер го „блиндира“ Перишиќ – нов договор без клаузула!

Интер го „блиндира“ Перишиќ – нов договор без клаузула!

Иако на почетокот на преодниот рок се чинеше дека Иван Перишиќ сигурно ќе го напушти Интер, сепак Хрватот остана на „Џезепе Меаца“, а италијанските медиуми најавуваат дека наскоро ќе потпише нов договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јунајтед беше силно заинтересиран за неговите услуги, Мурињо испрати неколку богати понуди, но „нероаѕурите“ ги одбија сите „напади“ и успеаа да го задржат Перишиќ во своите редови.

Хрватскиот репрезентативец е еден од најважните играчи на Интер, па раководството реши да му понуди нов, побогат договор и така да се заштити од нападите на Јунајтед.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Перишиќ наскоро ќе потпише нов договор до 2022 година и ќе добива 4,5 милиони евра по сезона. Тоа значи дека Хрватот заедно со Икарди ќе биде најплатен фудбалер на „нероаѕурите“.

Важно да се напомене е дека во новиот договор на Перишиќ нема да има откупна клаузула!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…