Дома Трансфер зона Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и потезите за летниот преоден рок.

Интер има солиден тим „покриен“ со одлични играчи на скоро секоја позиција. Сепак, некои од нив може ќе си заминат, па се споменуваат потенцијални засилувања. Последни кои се најавуваат како можни нови имиња во таборот на „нероаѕурите“ се Алберт Гудмнсон од Џенова и Кин Мин-Јае од редовите на Баерн.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Корејскиот дефанзивец кој има искуство во Серија А бидејќи го носеше дресот на Наполи е спремен да се врати во Серија А, додека за Гудмудсон би требало да платат околу 40 милиони евра.

Исланѓанецот сезонава игра одлично и има учинок од 13 гола и четири асистенции. Сличен ефект имаше и минатата година. Покрај овие двајца претходно се споменуваа уште: Мајкл Кајоде од Фиорентина, Хермосо од Атлетико и Штефан Пош од Болоња.

Неодамна беше продолжена и соработката со тренерот Симоне Инзаги, па веројатно и наредната сезона ќе важат за први фаворити за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …