Интер вчера го потврди продолжувањето на договорот со тренерот Симоне Инзаги до 2025 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
47-годишниот стратег со новиот договор така стана трет најплатен тренер во италијанската Серија А. Повеќе платени од него во овој момент во Италија се само Масмилијано Алегри од Јувентус и Жозе Мурињо од Рома.
Инзаги во Интер заработува 5.5 милиони евра по сезона, додека најплатените Алегри и Мурињо добиваат по седум милиони евра годишно.
Зад Изнаги е тренерот на Милан, Стефано Пиоли со четири милиони евра по сезона.