Дома Фудбал Инзаги испиша историја: Вакво нешто не му успеало на ниту еден друг тренер во Интер

Инзаги испиша историја: Вакво нешто не му успеало на ниту еден друг тренер во Интер

Во вчерашниот натпревар тимот на Интер ја совлада Аталанта со 4:0 и така запиша нова победа во Серија А која го доведе чекор поблиску до Скудетото во италијанското првенство.

Со оваа победа Интер оствари неверојатен почеток на 2024 година во која има седум натпревари и исто толку победи.

За првпат во својата историја Интер успеал да победи на седум натпревари во почетокот на една календарска година. Такво нешто претходно не му успеало на ниту еден друг стратег на клупата на италијанскиот тим.

Во овој момент на табелата во Серија А Интер има дури 12 бода пред второпласираниот Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…