Фудбалската репрезентација на Албанија ќе има огромна поддршка на претстојното Европско првенство, особено на првиот натпревар против Италија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дури 50.000 навивачи се подготвуваат за овој натпревар во Дортмунд, дел иселеници од европските земји, но и навивачи од Албанија кои специјално ќе допатуваат за натпреварите на репрезентацијата во Германија.
Албанските навивачи денес буквално го „окупираа“ Дортмунд пред натпреварот со Италија кој на програмата е во 21 часот.
Албанија потоа на 19 јуни игра во Хамбург против Хрватска, а потоа со Шпанија во Дизелдорф на 24 јуни. Јасно е дека тие се најголемите аутсајдери од оваа групација, но зад себе ќе имаат голема поддршка.