Дома Фудбал Италија Има ли преговори со Бразил? Еве што вели Мурињо

Има ли преговори со Бразил? Еве што вели Мурињо

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги отфрли тврдењата дека бразилската фудбалска асоцијација го контактирала за преземање на функцијата селектор на репрезентацијата.

Карло Анчелоти ја одби понудата да ја преземе бразилската репрезентација и го продолжи договорот соРеал Мадрид на три години, а медиумите шпекулираа дека бразилската федерација го контактирала Мурињо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


“Не знам дали тоа е точно за Бразил, бидејќи тие не разговарале директно со мене. Му кажав на мојот менаџер дека додека клубот не одлучи дали ќе останам, не сакам да знам или да разговарам со некој друг”, изјави Мурињо по вчершната победа на Рома против Кремонзе со 2:1.

Португалскиот тренер беше прашан дали сопствениците на римскиот клуб преговараат со други тренери за евентуален ангажман.

„Искрено не верувам дека тоа е вистина, бидејќи за мене чесноста и реципроцитетот се од суштинско значење. Немам причина да мислам дека семејството Фридкин не е искрено. Верувам во нивната искреност“, потенцираше Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…