Дома Трансфер зона Икарди се враќа во Серија А

Икарди се враќа во Серија А

Мауро Икарди на лето би можел да се врати во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Икарди оваа сезона игра во Галатасарај како позајмен фудбалер од ПСЖ и во Турција си ја „оживеа“ кариерата.

Аргентинецот е во извонредна форма и оваа сезона на 17 меча постигна 10 гола и 7 асистенции.

Икарди на лето ќе се врати во ПСЖ, но јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, а интерес за него покажуваат италијанските клубови.

Најсилен интерес за него покажува Рома, но заинтересиран е и Милан, па овие два клуба ќе ја водат битката за неговиот потпис.

29-годишниот напаѓач сака да се врати во Италија и е спремен да прифати помала плата за повторно да игра во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…