Дома Трансфер зона Икарди повторно го налути Интер

Икарди повторно го налути Интер

По пристигнувањето на Алексис Санчез од Манчестер јунајтед, Мауро Икарди ја загуби и последната надеж дека ќе се најде во тимот на Интер сезонава.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, Икарди нема намера да замине. Интер дури и му договори трансфер во Монако, кој беше подготвен да му понуди 12 милиони евра годишно, но Аргентиневот кажа НЕ.

Икарди и неговата сопруга Ванда Нара одбија да заминат од Интер, па сега клубот од Милано е во големи проблеми, зашто сакаат да се ослободат од 26-годишниот напаѓач.

Од друга страна, шпанските медиуми пишуваат дека Атлетико Мадрид ќе се обиде да го ангажира Аргентинецот до крајот на преодниот рок.

Икарди се надеваше на трансфер во Јувентус, но „старата дама“ не успрати понуда откако не успеа да се ослободи од Игуаин или Манџукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…