Дома Фудбал Лига на шампиони Изјава на Гризман која предизвика бурни реакции: Лигата на шампионите е полна со корупција!

Изјава на Гризман која предизвика бурни реакции: Лигата на шампионите е полна со корупција!

Француската ѕвезда Антоан Гризман предизвика внимание од јавноста со изјавата дека Лигата на шампионите е преценето натпреварување и полно со корупција.

Гризман беше прашан кој повеќе ја заслужува топката, Меси или Халанд за триплеатата со Сити во сезоната во која постигна 52 гола на 53 натпревари. Тука Гризман даде неочекуван одговор.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Освојувањето на Лигата на шампионите е преценето, па и еден Селтик има европски пехар, а освен тоа натпреварувањето е полно со корупција. Атлетико во две финалиња беше ограбен и сите го премолчеа тоа. Цела обложувачка мафија е вклучена. Светското првенство е нешто поинакво, се игра на секои четири години, има квалификации кои се играат три години и не може да се споредува со Лигата на шампионите.

Ако ме прашувате конкретно за Меси тој е голем напаѓач и најдобар фудбалер, за мене е најдобар во светот, а Де Брујн и Родриг најдобри во ЛШ“, смета францускиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…