Дома Трансфер зона Изненадувањето во финишот од преодниот рок за Арсенал пристигнува од Баерн Минхен?

Изненадувањето во финишот од преодниот рок за Арсенал пристигнува од Баерн Минхен?

Фудбалерот на Баерн Минхен Кингсли Коман би можел да биде изненадувањето од Арсенал за последниот ден од преодниот рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат бројни извори, Коман одбил понуди од Саудиска Арабија поради желбата да игра во Премиер лигата. Наводно од Островот најсериозен во намерата да го доведе е Арсенал.

Микел Артета досега ја засили одбраната и средината со трансферите на Калифиори и Мерино, а сега би можело да пристигне уште едно засилување во офанзивнот дел.

Коман има големо искуство и може да игра на двете крилни позиции и без дилема би бил одличен во ротацијата.

До крајот на преодниот рок нема уште многу, остануваат само уште два дена, па брзо ќе видиме каков ќе биде расплетот на ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…