Изненадувачко засилување би можел да доведе Реал Мадрид. Имено, од лето нов член на „кралевите“ од лето би требало да стане досегашниот млад голман на Хајдук.
Карло Летица има 21 година и го брани голот на Хајдук, а од лето би можел да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Раководството на шпанскиот гигант го контактирало хрватскиот клуб, но и агентот на 21 годишниот голман, па големи се шансите голманот на младата репрезентација на Хрватска од наредната сезона да брани за Реал Мадрид.
Секако, во првата сезоната Летица би имал улога на резерва на Кејлор Навас.
Летица оваа сезона доби шанса во првиот тим на Хајдук и собра вкупно 10 настапи.