Дома Трансфер зона Изненадување: Манчестер Јунајтед го засилува нападот со Црногорец!?

Изненадување: Манчестер Јунајтед го засилува нападот со Црногорец!?

Фудбалерот на Лече и црногорски репрезентативец, Никола Крстовиќ наводно е желба на Манчестер Јунајтед, пренесува „Калчомеркато“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека Јунајтед сака да го доведе екс-фудбалерот на Црвена Звезда уште во јануари. Крстовиќ во Лече пристигна ова лето од Дунајска Стреда за четири милиони евра.

Во Серија А, Крстовиќ одигра 11 натпревари и постигна четири гола и тоа во екипа која се бори за опстанок во најсилната италијанска конкуренција. Постигна гол на дебито против Фиорентина, а потоа стана првиот играч во историјата на клубот кој постигна гол на првите три натпревари.

За само неколку месеци во Серија А успеа да го сврти вниманието на гигантот од Манчестер, но се споменуваше и милански Интер. „Калчомеркато“ додава дека Јунајтед бара напаѓач кој веќе во јануари би можел да го доведе и тоа треба да биде напаѓач кој не би го платиле премногу.

Крстовиќ има 23 години и во сезоната 2019/2021 играше за Црвена Звезда и постигна три гола на 27 натпревари. По кратката позајмица во Графичар се пресели во Словачка каде што на 66 натпревари постигна 37 голови, 18 претходната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…