Дома Фудбал Репрезентации Изненадувачка одлука: Лерој Сане ја напушти репрезентацијата!

Изненадувачка одлука: Лерој Сане ја напушти репрезентацијата!

sane

Фудбалерот на Манчестер Сити повторно е во центарот на вниманието.

Лерој Сане минатата сезона експлодираше во дресот на Манчестер Сити, а на крајот од сезоната беше прогласен за најдобар млад играч во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се очекуваше после таквата сезона да биде важен играч и во репрезентацијата, но селекторот Лев имаше поинаков мислење.

Сане на крајот не беше повикан за Мундијалот во Русија на најголемиот спортски настан.

На стартот од новата сезона во Премиер лигата се најде во нов проблем, не беше ни на клупата на неговиот Сити за натпреварот од четвртото коло против Њукасл.

Сега доби повик за репрезентацијата во Лигата на нации, настапи вчера против Франција а веќе денес го напушти хотелот на репрезентацијата и нема да игра во наредниот натпреварот.

Имено, како што е објавено на официјалниот Твитер профил на германската фудбалска репрезентација, Сане после разговор со Лев го напуштил хотелот од приватни причини и нема да биде во протоколот за пријателскиот натпреварот против Перу кој е закажан за 9-ти септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…